Путин го помилува Дмитриј Зеленски – монструмот кој ја мелеше љубовницата во мелница за месо

by Fokus

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, го помилува осудениот убиец Дмитриј Зеленски (41) за неговиот придонес во руската инвазија на Украина, пишува Метро.

Зеленски е осуден на 11 години затвор бидејќи на свиреп начин ја убил својата љубовница, 27-годишната Татјана Мелехина.

Зеленски ја задавил, ја мелел во мелница за месо и потоа ги фрлил нејзините останки во тоалетот.

Полицијата подоцна соопшти дека случајот ги згрозил дури и најискусните детективи.

„Тој не само што ја искина на парчиња. Тој ги одвоил нејзините коски од мускулите и направил мелено месо“, изјавил извор за Метро.

„Потоа го фрли меленото месо во тоалетот и ја испушти водата. Коските ги фрлил во реката. Така сакаше да го прикрие убиството што го изврши“ – додал изворот.

Кога неговата сопруга дознала дека Мелехина е мртва, рекла: „Не знам што да кажам… Не знаев дека може да биде толку суров“.

Мајката на Дмитриј, Галина, потврди за Метро дека нејзиниот син е помилуван и пуштен од затвор.

„Мојот син отиде во војна поради многу причини. Сакаше да се искупи за тоа што го направи“, рече Галина Зеленска.

Зеленски е еден од илјадниците затвореници кои починатиот шеф на платеничката армија на Вагнер, Евгениј Пригожин ги извади од затвор и ги испрати на боиштата низ Украина.

Како што пренесува Јутарњи, Пригожин во јули изјавил дека 32.000 регрути затвореници ќе се вратат во Русија без криминални досиеја.

Метро пишува дека поранешните затвореници кои се бореле во Украина како членови на Вагнер извршиле грозоморни злосторства како силување и убиства по нивното враќање во Русија.

Оксана Мелехина, сестрата на убиената Татјана, се згрозила кога дознала дека Зеленски ќе биде помилуван и ослободен.

„Судот му кажа на нашето семејство дека ќе ни кажат каде е и каде се движи. Сепак, ништо не ни беше кажано. Татко ми се жалеше до судот, но не доби никаков одговор“, додаде Оксана Мелехина.

Поврзани новости