Путин го обвинува Меѓународниот олимписки комитет за „етничка дискриминација“ на Русите

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин денеска го обвини Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) за „етничка дискриминација“ пред Игрите во Париз во 2024 година, бидејќи на руските и белоруските спортисти не им е дозволено да се натпреваруваат под нивните национални знамиња.

МОК се уште нема донесено конечна одлука за евентуалниот настап на спортисти од Русија и Белорусија во Париз.

– Благодарение на МОК, сфативме дека поканата за Олимписките игри не е безусловно право на најдобрите спортисти, туку еден вид привилегија, а тоа не го добивате врз основа на спортски резултати, туку со некои политички гестови – беше цитиран Путин од француската новинска агенција АФП.

– Игрите сами по себе би можеле да се користат како инструмент за политички притисок врз луѓето кои немаат никаква врска со политиката и како сериозна, всушност, расистичка, етничка дискриминација – додаде рускиот претседател.

Минатата недела МОК го суспендираше руското национално олимписко тело поради кршење на територијалниот интегритет на членството на Украина со признавање на регионалните организации во окупирана Украина.

Поврзани новости