Путин го обвини Западот за ескалација на војната во Украина и тврди дека во конфликтот се вмешани претставници на НАТО, додека не го негираше тврдењето дека Северна Кореја испратила војници во Русија.
САД во средата соопштија дека постојат докази дека Северна Кореја испратила околу 3.000 војници во Русија кои би можеле да бидат распоредени во Украина, потег што Западот би го сметал за значајна ескалација на војната во Украина.
🇺🇸US says it has evidence that North Korea has sent at least 3,000 troops to Russia – adding there is a "highly concerning probability" they will fight in Ukraine.
🇷🇺 "None of your business". President Vladimir Putin on North Korean troops in Russia while answering questions… pic.twitter.com/FDeN5WzY21
— Real Global News (@FelastoryMedia) October 24, 2024
На прашањето на новинарите за сателитски снимки на кои се гледа движењето на севернокорејските војници, Путин одговори дека „фотографиите се сериозна работа“.
„Ако има фотографии, тие кажуваат нешто“, рече Путин.
Но, тој веднаш додаде дека претставниците и инструкторите на НАТО се директно вклучени во војната во Украина и дека Западот е тој што ја ескалирал украинската криза.
„Знаеме кој е присутен таму, од кои земји од ЕУ и НАТО и како тие ја работат таа работа“, рече Путин.
Тој рече и дека руската армија напредува по целиот фронт и дека голем број украински војници се заробени во Курск.
„Подготвени сме да ја разгледаме секоја опција за мировен договор врз основа на реалната ситуација на теренот. Не сум подготвен за ништо друго“, рече Путин.