100
Путин ги пофали унгарскиот лидер Виктор Орбан и словачкиот популистички премиер Роберт Фицо. Тој рече дека тие се меѓу единствените бранители на националните интереси кои останале на Запад.
„Веќе многупати претходно кажав дека тие не се „проруски“ политичари, туку се пронационални – тие ги бранат своите [национални] интереси. Нема други такви, едноставно не постојат… Сите други зависат од „Големиот брат“, од Соединетите држави“, рече рускиот претседател.
Осудувајќи го „империјалистичкото“ однесување на САД, рече: „Ние сме подготвени да преговараме за односите со нив… Мислиме дека САД се важна, неопходна земја во светот. Но, нивната империјална политика ги кочи“ додаде рускиот лидер на годишната прес-конференција.