Путин: Економските резултати се подобри од очекуваните

by Fokus
Foto: EPA

Економските показатели на Русија се подобри од очекуваното, што дава надеж дека сите задачи ќе бидат решени, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средбата со премиерот на земјата Михаил Мишустин.

„Нашите резултати засега се, во секој случај, внимателно кажано, подобри од очекуваното и прогнозираното. Ова ни дава надеж дека сите задачи, барем, ќе бидат исполнети како што планиравме“, рече Путин.

Мишустин изјави дека руската економија и покрај санкциите продолжува да закрепнува, а растот на БДП за пет месеци од тековната година достигна 0,6 отсто, јави „РИА новости“

Годишниот раст на рускиот БДП во мај изнесува 5,4 отсто, што според Мишустин е  „особено важно“.

Според него, Владата во моментов е убедена дека доколку не постојат околности на виша сила, БДП до крајот на годината треба да биде повеќе од два отсто.

Освен тоа, премиерот го информирал Путин за состојбите во различни економски области.

 

 

 

Поврзани новости