397
Единствената тактика на Путин е терор врз мирните украински градови, но тој нема да ја разбие Украина, напиша украинскиот министер за надворешни работи на Твитер, Дмитро Кулеба.
– Ова е и неговиот одговор на сите смирувачи кои сакаат да разговараат со него за мир: Путин е терорист кој зборува со проектили, нагласи Кулеба во врска со денешните руски напади во Киев и повеќе украински градови.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека во серијата руски ракетни напади врз главниот град Киев и другите големи украински градови има загинати и повредени.
Тој претходно рече дека Русите „се обидуваат да ја уништат“ Украина и ја избришат од лицето на Земјата.