Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина: „Конфликтот може да заврши за месец или два“

by Fokus

Претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, денеска изјави дека војната во Украина, која трае од 24 февруари 2022 година, би можела да заврши „во следниот месец или два“, пренесува „РИА Новости“.

Тој изрази подготвеност да преговара со украинскиот претседател на Украина, Володимир Зеленски.

„Војната во Украина може да заврши за месец или два кога Украина ќе остане без пари. Не смее да има грешки при потпишувањето на документите, сè мора да се прецизира. Ова е исклучително сериозно прашање што треба да ја гарантира безбедноста на Украина и Русија. Секако дека ќе се стремиме кон она што повеќе ни одговара, што е во наш интерес“, објасни рускиот претседател.

Американски претседател Доналд Трамп во неколку наврати за време на претседателската кампања најавуваше дека за 24 часа ќе стави крај на конфликтот во Источна Европа. Тој не прецизираше кога и како ќе го направи тоа.

Пред неговата инаугурација и официјалното враќање на власт во Белата куќа во Вашингтон по четиригодишна пауза, Трамп стапи во контакт со Путин. Како што тогаш најави американскиот претседател, рускиот претседател е „заинтересиран“ за мировни преговори иако и Русија и Украина имаат свои барања.

Поврзани новости