Путин е бесен, мислеше брзо и лесно ќе победи, тврди естонски европратеник

by fokus

Естонскиот европратеник Рихо Терас, поранешен министер за одбрана на Естонија, на својот профил на Твитер објави дека има информации од разузнавачки кругови дека Путин одржал тајна средба со руски генерали и олигарси и дека е бесен.

Еве што напиша Терас:

„Путин е бесен, мислеше дека ќе победи лесно и брзо.

Путин е бесен, мислеше дека целата војна ќе заврши брзо, за еден до четири дена и дека ќе победи без проблем.

Русите немаат пари, оружје или ресурси

Русите немаа тактички план. Војната чини милиони долари дневно. Ракети имаат за максимум 3,4 дена, ги користат умерено.

Им недостига оружје, фабриките не можат физички да ги исполнат нарачките за оружје. Пушките и муницијата се најмногу што можат да обезбедат.

Ако Украина успее да ги задржи Русите 10 дена, тогаш Русите ќе мора да преговараат. Затоа што немаат пари, оружје или ресурси. Но, тие се рамнодушни кон санкциите.

Сакаат да предизвикаат паника

Припадниците на Специјалните операции се во близина на Киев од 18 февруари. Целта беше да се окупира Киев и да се воспостави марионетски режим.

Подготвуваат провокации против невини цивили за да предизвикаат паника. Тоа е нивниот адут.

Целиот план на Русија се потпира на паника, цивилите и војниците да се предадат, а Зеленски да бега.

Тие очекуваат предавање на Харков

Тие очекуваат Харков прво да се предаде и се надеваат дека и другите градови ќе го следат нивниот пример за да избегнат крвопролевање. Русите биле шокирани од жестокиот отпор на кој наишле.

Украинците мора да избегнуваат паника, ракетирањето служи исклучиво за заплашување, Русите ги отпуштаат по случаен избор за случајно да погодат станбени згради и да направат нападот да изгледа поголем отколку што навистина е.

Украина мора да остане силна и ние мора да им помогнеме, напиша естонскиот европратеник.

Тој ги повика сите да ја рашират оваа информација за светот да разбере колку е важно да се помогне токму сега и без двоумење. -Тешко и е на Русија, но и на Украина е тешко доколку Западот не им даде порака, заклучи тој.

Русија располага со нјмалку 50 отсто од своите сили за масивна инвазија на Украина, но напредува бавно поради неочекувано силен отпор, изјавил висок американски воен претставник.

-Според нашите проценки, повеќе од 50 отсто од руските сили што Путин ги фрли против Украина … се распоредени внатре во Украина. Има знаци дека Русите се повеќе се разочарани што нема напредок во изминатите 24 часа, особено во северна Украина, рече претставникот.

Според него, „руската војска сè уште не презела контрола врз ниту еден град во Украина, ниту пак стекнала воздушна супериорност“. „Руските трупи оста нуваат на околу 30 километри од Киев, рече официјалниот претставник, нагласувајќи дека ситуациите на бојното поле динамично се менуваат.

 

Поврзани новости