Путин-Џинпинг: Русија и Кина мора одлучно да се спротивстават на странското мешање

by Fokus

Кинескиот претседател Си Џинпинг телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин, јави кинеската државна телевизија.

„Двете страни треба да спроведат тесна стратешка соработка за да го заштитат својот национален суверенитет, безбедност и развојни интереси и решително да се спротивстават на мешањето на странските сили во внатрешните работи“, рече Си Џинпинг, пренесува „Риа Новости“, повикувајќи се на кинеската централна телевизија.

Двајцата лидери имаа „длабока размена на мислења за актуелните меѓународни и регионални прашања“, како што објави кинеската телевизија, и се согласија дека оваа година ќе продолжат да одржуваат блиски контакти и да разменуваат мислења за кинеско-руските односи и стратешките прашања од заемен интерес, пренесува Тас.

Покрај тоа, Џинпинг посочи дека Москва и Пекинг треба заеднички да ја одржуваат стабилноста на синџирите на производство и продажба.

„Кина и Русија мора да дадат нов поттик на билатералната соработка, како и да ја поддржат стабилноста на производствените и продажните синџири со консолидирани напори“, рече Си.

Според кинескиот лидер, односите меѓу Русија и Кина во иднина ги очекуваат нови можности, истакнувајќи дека оваа година се одбележуваат 75 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.

Поврзани новости