Децата од Русија и Украина треба да се обединат со своите родители, работата на тоа не треба да биде дел од политиката, туку исклучиво од хуманитарен карактер, изјави рускиот претседател Владимир Путин на средбата со бранителот на правата на децата – Марија Лавова-Белова.
Според него, деца од Украина се нашле на територијата на Русија, бидејќи биле спасени од гранатирање од борбената зона.
Народниот правобранител го информирал рускиот лидер за ситуацијата со украинските деца кои се нашле во Русија, како и за тоа дека шест руски деца биле вратени од Украина, нагласувајќи дека за тоа не разговараат во Киев, бидејќи тогаш ќе стане јасно дека целата приказна не е поврзана со „крадење деца“, туку со воени акции и семејни ситуации.
– Сето тоа се политички игри, а најважно е децата повторно да бидат со своите најблиски, семејствата да се спојат, тие да бидат среќни, рече Путин.
Рускиот претседател заклучи дека нема ништо поважно не само за секое семејство, туку и за земјата од децата.
Претходно во Москва беше приведен државјанин на Украина кој планирал да земе деца без родителска грижа од територијата на новите руски региони.
Путин претходно и наложи на Владата, на детскиот правобранител и на локалните власти да ги идентификуваат децата без родители кои живеат во Народните републики Доњецк и Луганск, регионите Запорожје и Херсон, со цел што е можно поскоро да им се обезбеди државна помош и социјална поддршка.