Путин: Ако Западот дозволи удари со долг дострел врз Русија, ќе одговориме соодветно

by Fokus

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва подготвува различни начини да одговори доколку САД и нивните сојузници во НАТО и дозволат на Украина да користи западно оружје со долг дострел за да напаѓа цели длабоко во Русија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски со месеци ги моли сојузниците на Киев да и дозволат на Украина да истрела западни ракети со долг дострел, вклучувајќи ги американските „АТАЦМС“и британските „Сторм шедоус“, длабоко во руската територија за да ја ограничи способноста на Москва да ја нападне неговата земја. Засега тоа го отфрла Западот, тврдејќи дека не сака дополнителна ескалација.

Кога Путин беше прашан дали земјите од НАТО ги слушнале неговите претходни изјави дека таквиот потег на оние кои го снабдуваат Киев со ракети со долг дострел директно ќе ги вовлече во војна, одговори: „Не ми кажаа ништо за тоа, но се надевам дека слушнаа“, рече Путин. „Бидејќи, се разбира, и ние ќе треба да донесеме некои одлуки за себе“, додаде тој.

Путин истакна дека е малку рано да се каже точно како, кога и каде Русија ќе одговори, но дека доколку се одобрат ударите со долг дострел, Москва ќе мора соодветно да одговори.

Путин рече дека само персонал од земјите на НАТО може да управува со специфичната опрема што ја сака Украина, бидејќи Киев ги нема потребните експерти. „Украинската армија не е способна сама да го направи тоа, не може“, рече Путин.

Поврзани новости