467
Суд во Москва ги осуди по брза постапка на 15 дена затвор четворицата членови на панк групата „Пуси Рајот“ кои истрчаа на теренот за време на финалето на Светското првенство меѓу Франција и Хрватска.
Три жени и еден маж од групата, облечени со лажни полициски униформи, втрчаа на теренот на почетокот на второто полувреме додека претседателот Владимир Путин и останатите високи гости беа на стадионот „Лужники“.
Освен 15 дена затвор, четворицата немаат право да присуствуваат на спортски настани во наредните три години.