Членките на руската група „Пуси рајот“ објавија ново видео „Мамо, не гледај телевизија“.
Учесниците оваа песна ја нарекуваат своја изјава против војната во Украина.
Половина од видеото се состои од документарни снимки од војната и нејзините последици: експлозии во Киев, Харков, Мариупол, Кременчуг, Дњепар.
Марија Аљохина, Олга Борисова и Дијана Буркот за порталот „Медуза“ раскажале дека сите материјали сами ги собрале, а кадрите не биле избрани случајно.
-Сакаме луѓето ширум светот да не го свртуваат погледот од овие снимки и да се сетат на злосторствата што Путин и неговата војска ги прават веќе 10 месеци. Сакаме да ја зборуваме вистината. Сакаме да викаме што е можно погласно за оваа војна. Мора да ја запреме – рекле тие.
Спотот исто така содржи снимки од антивоени протести во Русија, вклучително и снимки од запалени воени канцеларии и феминистички митинг на отпорот против војната, како и крстови во спомен на загинатите жители на Мариупол.
Особено впечатлива е последната снимка во која една од членките на „Пуси рајот“ уринира врз портретот на Владимир Путин.