Пуштена фонтаната од 2,5 милиони евра

by Фокус

Фонтаната на плоштад „Македонија“, која се наоѓа веднаш до фонтаната и споменик „Воин на коњ“, денеска беше пуштена во употреба. Таканаречената „сува фонтана“ е составена од 128 прскалки и има димензии 20 на 10 метри.

Нејзината изградба чинеше 2,5 милиони евра. Една третина од парите беа обезбедени од буџетот на Град Скопје, а другиот дел од државниот буџет.

Околу двете фонтани кои се се една до друга е направен мозаик. Претходните плочки од плоштадот се отстранети и се поставени нови, па сега доминира белата боја.

Дел од граѓаните новата фонтана веднаш ја искористија за да се „разладат“, а децата си најдоа нова забава и претрчуваа низ прскалките.

 

Фото: МИА

Поврзани новости