Министерството за внатрешни работи информира дека граѓаните кои на 29 и 30 ноември имаат закажано термини за фотографирање и замена на лични документи во Скопје, дека пунктовите за издавање на лични документи ќе работат со полно работно време, што значи дека закажаните термини ќе бидат реализирани.
Ова доаѓа по одлуката донесена на вчерашната седница на Владата според која на работното време на сите вработени во државната и јавната администрација на територијата на градот Скопје на 29 ноември (среда) треба да заврши во 12 часот, а 30 ноември (четврток) да биде неработен ден за сите вработени во државната и јавната администрација, на подрачјето на град Скопје, како и за основните и средните училишта на подрачјето на град Скопје, поради одржувањето на 30. министерски состанок на ОБСЕ.
Со цел непречено функционирање на процесот на замена и издавање на личните документи, службите за граѓански работи ќе работат редовно, а МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат закажаните термини.