Пулмологот Балоски: Овој вирус е чудовиште!

by Fokus

Пулмологот од ГОБ „8 Септември“, Марјан Балоски во денешното гостување на ТВ24 говореше за опасноста која ја носи корона вирсуот.

Како што истакна тој, заразата прави безброј компликации во организмот на човекот и како што рече, ситуацијата е алармантна

„Апелирам дека вирусот не бира професија или статус, сега делува страшно, но и на овој оган ако престанема да додаваме бензин, ќе успееме да ги ублажиме огнените јазици. До кога мора лекциите да ги учиме лекциите на најморничавиот пат, овој вирус е чудовиште, да се поверува дека вирусот постои. Апелирам до оние кои не веруваат дека вирусот постои. Одговорно да си ја прифатат обврската затоа што така го загрозуваат своите и туѓото здравје“, истакна Балоски.

Поврзани новости