Полицијата во Балтимор, САД трага по најмалку еден осомничен по пукањето што се случи рано утринава по локално време.
Едно лице е убиено, а четворица се ранети во престрелката во Вудлаун, соопшти полицијата.
Полицијата околу 4:05 часот пронашла пет жртви, со прострелни рани.
Кај една жртва е констатирана смрт, додека другите четворица се пренесени во болница, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркингот на трговскиот центар познат како Бизнис Центар за безбедност, лоциран на 1808 Woodlawn Drive.
Полицијата утринава истражуваше бел Hyundai со регистарски таблички од Њу Џерси паркиран пред ресторанот BBQ Tonite.
Портпаролот на полицијата Трае Корбин изјави дека белото возило некако е вклучено во пукањето и дека жртвите можеби седеле во него. Покрај тоа, тој рече дека иследниците планираат да ги прегледаат безбедносните снимки од околните камери.