Пукотници во Охајо – едно лице загина, десетици се повредени

by Fokus

Едно лице загина, а најмалку 24 се ранети во масовно пукање што се случи во градот Акрон во американската држава Охајо!

Како што јави Би-Би-Си, пукањето се случило нешто по полноќ по локално време, во неделата.

Полицијата брзо реагираше на местото на пукањето на аголот на улицата Кали и Осмата авенија. Таму биле пронајдени десетици чаури и пиштол, јавуваат локалните медиуми.

Никој не е уапсен или идентификуван како осомничен и истрагата е во тек, потврди полициската управа во Акрон. Потврдено е дека меѓу ранетите нема повреди опасни по живот.

Градоначалникот на Акрон – Шамас Малик и началникот на полицијата Брајан Хардинг објавија заедничка изјава на социјалните мрежи во која ветија дека ќе ги „изведат одговорните пред лицето на правдата“:

„Нашиот град се потресе по уништувањето на бесмисленото насилство“, се наведува во соопштението.

 

Поврзани новости