Пукотници во Лос Анџелес, пронајдени се четири безживотни тела

by Fokus

Во куќа во Лос Анџелес по пукотници пронајдени се 4 безживотни тела

Полициската управа во Лос Анџелес покрена истрага откако се случи пукање во дом во Гранада Хилс, предградие на Лос Анџелес, по што беа пронајдени четири безживотни тела.

Пукањето се случило во саботата околу 18:50 часот, јавува CBS News.

Полицијата верува дека се работи за убиства и самоубиство, но жртвите и осомничените не се идентификувани.

Мотивот за пукањето се уште се утврдува.

Поврзани новости