Пукотници во Белград: Маж ги застрелал синот, ќерката и сопругата

by Fokus

Во Нов Белград, на Бежаниска Коса денеска околу пладне се случиле пукотници.

Како што неофицијално дознава српски „Курир“, мажот ги ранил сопругата и синот, а како што јави „РТС“ пукал и во ќерката.

И сопругата и синот со прострелни рани биле пренесени во болница. На местото на престрелката има голем број припадници на Интервентната единица на МУП на Србија.

Според првите и неофицијални информации, маж чиј идентитет засега не се соопштува пукал во правец на сопругата и синот и ги ранил двајцата.

„Синот е застрелан во стомакот, а жената во ногата“, вели добро информиран извор.

По престрелката полициска патрола го уапсила напаѓачот.

„Во таа прилика тој се обидел да се самоубие, но полицајците го спречиле во тоа“, нагласува изворот.

Поврзани новости