Пукотници на забава во Тенеси – две лица загинаа, шестмина се ранети

by Fokus

Во масовното пукање во саботата вечерта на забава во Мемфис, Тенеси, загинаа две лица, а шестмина беа ранети, соопшти полицијата.

Полицијата во Мемфис добила пријава за пукање околу 19 часот.

Службениците на местото на настанот пронашле пет жртви со прострелни рани – двајца мажи за кои веднаш била констатирана смрт и три други жртви кои биле пренесени во болница во критична состојба.

Актуелниот началник на полицијата на прес-конференција рече дека полицијата работи на лоцирање на осомничените кои го извршиле пукањето и дека го знаат идентитетот на најмалку двајца од осомничените.

Според полицијата, пукањето се случило на забава за која немало дозвола. Присуствувале помеѓу 200 и 300 луѓе.

Инцидентот останува под истрага.

Поврзани новости