789
Еден ученик е повреден во престрелка во средно училиште во американската држава Северна Каролина.
Гимназијата Маунт Табор во Винстон-Салем беше затворена по пукањето, додека сите други ученици се евакуирани на безбедна локација, изјави портпаролката на канцеларијата на шерифот во округот Форсит.
Таа рече дека полицијата активно трага по осомничениот, но без да даде дополнителни детали.
Полицијата ги блокираше патиштата кон училиштето, во кое учат повеќе од 1.500 ученици.
Бројни амбулантни возила се наоѓаат околу комплексот.