Пукано во висок функционер на СДСМ од Битола

by Фокус

Денеска попладне со куршум во ногата е повреден Борче Петковски, висок функционер на СДСМ од Битола и поранешен пратеник. Настанот се случил во битолската населба Карпош, додека членот на опозициската партија седел и разговарал со свои пријатели на тротоар, јави Мета.

Куршумот завршил во неговата натколеница, по што тој бил хоспитализиран, но е надвор од животна опасност.

Засега не се знае кој и од каде пукал.

 

Поврзани новости