Пукано кон албанската телевизија „Топ чанел“, убиен еден вработен

by fokus

Член на обезбедувањето на албанската телевизија „Топ чанел“ е убиен синоќа, откако било пукано кон зградата на телевизијата, објави „Коха“.

На магистралниот пат во Каваја е пронајден опожарен автомобил „ренџ ровер“ за кој постои сомневање дека им припаѓа на сторителите.

Според медиумите, на возилото биле украдени регистарските таблички. Полицијата е на терен, а увидната екипа продолжува да работи на расветлување на околностите.

Поврзани новости