341
Еден 15-годишен ученик е убиен денеска, а тројца се повредени во пукање во државното училиште Сапопемба во Сао Паоло, јавија бразилските медиуми.
Според воената полиција, средношколец од 1 одделение, облечен во училишна униформа, влегол во зградата и пукал во неколку ученици, пренесува „О Глобо“.
Откако полицијата пристигнала на местото на настанот, осомничениот се предал и бил уапсен. 15-годишен ученик се здобил со повреда на главата и бил пренесен во болница, но им подлегнал на повредите.
Повредените ученици биле погодени во градниот кош, клучната коска и десната рака. На местото на настанот се испратени хеликоптер и повеќе од 20 полициски возила.