694
Уште еден вооружен напад со смртни последици денеска е регистриран во САД, овојпат во супермаркет во мало гратче во сојузната држава Оклахома.
Американските медиуми јавуваат дека во нападот има најмалку тројца мртви, а имало и повеќе повредени лица.
Пукањето било регистрирано во супермаркет на „Волмарт“ во градот Данкан. Медиумите, исто така, јавуваат дека меѓу загинатите е и напаѓачот.