Во Даблин на Бадник дошло до пукање во ресторан во кое еден млад човек е убиен, а едно лице е рането и тешко повредено.
Нападот се случил во ресторанот Browne’s Steakhouse на главната улица во Бланчардстаун околу 20 часот по локално време, пишува BBC.
По пукањето, двајцата мажи завршиле во болницата Џејмс Коноли Меморијал, каде маж на возраст од дваесет години бил прогласен за мртов. Скај њуз пишува дека полицијата истражува дали загинатиот млад човек е напаѓачот.
Друг маж, на возраст од 40 години, се лекува од прострелни рани и е во тешка состојба, соопшти ирската полиција. Во ресторанот ќе се изврши технички преглед, а работа ќе има и државниот патолог.
Засега нема уапсени, пренесува Index.hr.
РТЕ објави дека пукањето било поврзано со банди и се случило пред гости во ресторанот, вклучително и семејства со деца кои јаделе надвор на Бадник.
Ирскиот премиер Лео Варадкар изјави дека е шокиран кога слушнал за вооружениот напад во главниот град. Варадкар на X објави дека многупати го посетувал тој ресторан.
Ирската министерка за правда Хелен Мекенти го осуди пукањето, велејќи дека „злобата резултираше со незамисливо човечко страдање овој Божиќ“.
– Посебно е одвратно што секој може заедно да изврши такво насилство пред семејствата, додаде таа.