Пукање во Прилеп, повредени две лица

by fokus

Две лица се повредени при случај со пукање од огнено оружје во угостителски објект во Прилеп. На двете лица им е укажана медицинска помош во Прилепската болница, а полицијата трага по сторителите.

Како што информираат од МВР, рано утринава околу три часот во Секторот за внатрешни работи Битола било пријавено дека во угостителски објект во близина на железничката станица во Прилеп имало пукање од огнено оружје.

рилепски службеници излегле на местото на настанот каде биле  затекнати две лица, едното со иницијали М.М.(43) од Прилеп и вториот со иницијали О.И.(28) од селото Лажани, Прилепско, со повреди на главите. Тие биле пренесени во Клиничката болница Прилеп каде им била укажана помош, наведуваат од МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Прилеп. Се уште се трага по сторителите за целосно расчистување на случајот, информираат од МВР. 

Поврзани новости