920
Пукање во паркингот – гаражи во трговскиот центар „Ист Гејт“ во центарот на Скопје било пријавено попладнево.
Дека имало пукање во трговскиот за „Фокус“ потврдија и од Министерството за внатрешни работи, но засега нема пријава за повредено лице.
Со оглед на тоа што се уште се прави увид, „Фокус“, неофицијално дознава дека во гаражите во трговскиот центар било пукано кон Раде Трајковски – Штекли, бегалец кој се бараше со меѓународна потерница за издржување на казна затвор за тешки телесни повреди.
Тој неофицијално не бил повреден.
Пред две години тој беше екстрадиран од Србија и предаден на македонските власти по што беше спроведен во Истражниот затвор во Шутка. Се бараше со потерница за издржување на казна затвор од шест месеци.
Ф.Ф.С.