707
Маж на возраст од 31 година вчера завршил во болница со прострелна рана откако во него пукале две лица. Инцидентот се случил ноќеска пет минути по полноќ.
-Во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, две лица пукале кон А.В.(31) од Скопје и му нанеле прострелна рана. Од пукањето било оштетено и едно паркирано возило „цитроен“. А.В. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување помош, а увид на местото извршила екипа на СВР Скопје, соопшти МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.