Три лица се повредени во пукање кое се случило околу 18 часот во близина на поликлиниката во Бит Пазар, а еден од повредените е 17-годишен малолетник. Сите се пренесени во болница. На престрелката и претходела тепачка меѓу повредените, велат од МВР.
„На 07.04.2023 околу 18 часот во СВР Скопје пријавено е дека дошло до физичка пресметка во близина на поликлиника Бит Пазар во Скопје, а непосредно потоа од ГОБ Св.Наум Охридски е пријавено дека за лекарска помош се пренесени А.Б. (20) со повреда на десна рака од оружје, како и А.Б(23) со повреди од тврди предмети и 17-годишен малолетник со повреди од физички напад. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштуваат од МВР.
Околу поликлиниката може да се забележи зголемено полициско присуство.