Во болница во јапонскиот град Тода се случила престрелка во која се ранети две лица. Двајцата ранети се доктор на 40-годишна возраст и пациент на возраст од 60-ти години, јавува Би-Би-Си.
Осомничениот побегнал во соседниот град Вараби со мотор и наводно зел заложник, соопшти градот на својата официјална веб-страница.
Тој е со средна градба и можеби има 40 или 50 години, се вели.
Објектите во близина се затворени.
Пукањата, инаку, се исклучително ретки во Јапонија. Земјата има строги правила за поседување оружје и им дозволува само на цивилите да поседуваат ловечки пушки и воздушни пушки.
Луѓето кои сакаат да имаат пиштоли мора да поминат строг испит и тестови за ментално здравје пред да можат да ги купат.
お腹が騒がしいどころじゃない…
裏の郵便局前か中に犯人いるぽくて大変なことになってた…初めて発砲音聞いた…怖すぎてゲロ吐きそう pic.twitter.com/DQleseUvOn— 𝕃𝕚𝕡𝕡𝕪𝔻𝕚𝕟𝕘𝕖𝕣 (@LIPPYDINGER) October 31, 2023