191
Пред голф-клубот на Доналд Трамп на Флорида денеска имало пукање, додека републиканскиот кандидат за претседател бил на голф терените, пренесуваат американските медиуми.
Како што пренесува NY Post, истрелите не биле насочени кон Трамп, туку дошло до конфликт меѓу две лица кои пукале меѓу себе.
Како што се наведува, Доналд Трамп не бил во животна опасност.
– Пукањето се случи надвор од клубот. Тој дел е познат по висок криминал – пренесуваат американските медиуми.
По повод пукањето, се огласи и тајната служба.
– Претседателот Трамп е безбеден по пукањето во негова близина. Засега нема повеќе детали – изјави портпаролот на Трамп, Стивен Чеунг.