276
Едно лице е повредено во пукање што синоќа се случило во селото Арачиново.
Повредениот, 24-годишниот А.И. од истото село е пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ за да му се укаже лекарска помош.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
„На (28.08.2024) околу 21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во с.Арачиново било пукано кон А.И. (24) од с.Арачиново, кој се здобил со повреди и е пренесен во комплекс клиники ’Мајка Тереза’ за укажување помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се наведува во информацијата од МВР.