Пукање на универзитет во САД: Студентите добија пораки да се засолнат

by Fokus

Пукање се случи денеска на Државниот универзитет во Јужна Каролина, соопштија официјални лица.

Универзитетот е под блокада, а активиран е и системот за предупредување на блискиот универзитет Клафлин.

Според извештаите, осомничениот се уште е на местото на настанот, облечен во црно и со маска за скијање.

Двете училишта се затворени од 11:30 часот, по локално време.

Студентите од двата кампуса добиваа СМС пораки со наредба „да се засолнат додека полицијата истражува“.

Поврзани новости