106
Најмалку три лица се повредени денеска при пукање во кампусот на Универзитетот во Невада во Лас Вегас, соопшти локалната полиција.
– Во моментов знаеме дека три лица се повредени, но не се знае степенот на нивните повреди, изјави началникот на полицијата Кевин Мекмахил и додаде дека бројот на повредени може да се промени, пренесува АП.
Претходно беше соопштено дека напаѓачот е убиен, а сите повредени се пренесени во болници.
Полицијата соопшти дека се уште не е познат мотивот за нападот на кампусот и дека истрагата е во тек.