342
Најмалку три лица загинаа, а двајца се ранети во пукотницата во неделата во кампусот на Универзитетот во Вирџинија во Шарлотсвил, а осомничениот, идентификуван како студент, останува во бегство, изјави денеска претседателот на универзитетот Џим Рајан.
Кампусот сега е затворен, а полицијата трага по осомничениот, јавува Си-Ен-Ен.
Се верува дека осомничениот Кристофер Дарнел Џонс е вооружен и опасен.
Полицијата ја објави неговата слика на Твитер.