72
Две лица загинаа, а уште најмалку две се ранети во пукотница што се случила синоќа на свадба во Тионвил, Франција.
Медиумите јавуваат дека прославата била организирана во турската заедница во Мозел, а маскирани напаѓачи упаднале на свадбата со автоматско оружје и отвориле оган.
Се верува дека мотивот за нападот се „нерасчистените сметки“ на двете групи. Меѓу повредените има и бремена жена.
Напаѓачите исчезнале без трага, а според извештаите, најмалку тројца вооружени мажи отвориле оган.
Се се случило околу 1 часот по полноќ.