412
Двајца браќа се ранети во пукање што се случило вчера претпладне на наплатната станица Желино по расправија меѓу нив и четириесетгодишен тетовец.
-На 04.03.2023 во СВР Тетово било пријавено дека во 11.19 часот на наплатна станица Желино, Џ.А (40) од Тетово, по претходна расправија, со пиштол пукал кон А.К.(34) и неговиот брат А.К.(32), при што двајцата се здобиле со повреди.
А.К. и А.К. биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје за укажување лекарска помош, соопшти МВР.
Јавен обвинител и полициски службеници од СВР Тетово извршиле увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.