490
Аеродромот на австралиската престолнина Канбера е евакуиран поради пукање, јавува австралиското издание „Стандард нет“.
Очевидци велат дека слушнале најмалку осум до 10 истрели во близина на шалтерите за пријавување на патници, но нема повредени.
Полицијата потврди дека имало инцидент на аеродромот, но не соопшти детали.
Патниците кои веќе се качиле во авиони подготвени за полетување останале заглавени во леталата кои не можат да полетаат поради прекинот на работата на аеродромот.
Според австралиското издание на „Дејли мејл“, летовите од и до аеродромот се привремено прекинати, а аеродромот е опколен со полициски автомобили.