494
Вчера во 12 часот и 20 минути во СВР Тетово е пријавено дека во гостиварско Ѓурѓевиште, С.И.(23) од истото место, од возило во движење пукал од пиштол кон луѓе кои се враќале од погреб. При тоа, со телесни повреди се здобил Ф.М.(46) , на кој му е укажана помош во гостиварската општа болница „Ферид Мурад“.
Извршен е увид од екипа на Одделението за внатрешни работи Гостивар, пронајдени и подигнати за вештачење се две чаури и еден проектил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.