Пукал кон соседите додека правеле скара, убил 11 годишно девојче

by Fokus

Девојчето (11-годишно) е убиено во саботата вечерта во градината на нејзината куќа во Сен Ербо, село во близина на градот Кимпер во Бретања, Франција.

Полицијата уапси 71-годишен холандски државјанин под сомнение за убиство. Наводно, во притвор е и неговата сопруга.

Како што е соопштено, таткото на убиеното девојче е во критична состојба, додека нејзината мајка има полесни повреди кои не се опасни по живот.

Нејзината осумгодишна сестра успеала да побегне неповредена и ја алармирала населбата која повикала полиција. Девојчето се уште е во шок.

„Скај њуз“ објави дека семејството уживало правејќи скара за време на нападот.

„Слушнавме тропање и мислевме дека децата си играат. Меѓутоа, детето втрчало во куќата на соседот и почнало да вика: „Сестра ми е мртва, сестра ми е мртва“, рекол друг сосед.

Според информациите од обвинителството, пензионерот „одеднаш излегол вооружен и неколкупати пукал во жртвите“.

„Полицијата заедно со преговарачот ги убедила соседот и неговата сопруга да се предадат, по што биле уапсени“, изјавила обвинителката Карин Хејли.

Причината за конфликтот се уште не е позната, се претпоставува дека имало кавга.

Поврзани новости