„Пукајте во секој терорист, дури и ако не ви е закана“

by Fokus

Израелскиот министер за одбрана – Итамар Бен Гвир денеска ги повика полицајците да пукаат во секој „терорист“ што ќе го видат, дури и ако тој не претставува закана за нивната безбедност.

„Ја имате мојата целосна поддршка. Кога вашиот живот е во опасност или кога ќе видите терорист, дури и ако не ви се заканува, пукајте. Јас ви го добив грбот“, им рекол Бен Гвир на членовите на елитната единица на граничната полиција „Јасам“ за време на посета на базата на Западниот Брег, пренесува Тајмс оф Израел.

Тој додаде дека „влакно на глава“ на израелските полицајци „вреди илјада терористи“.

Поврзани новости