23-годишниот напаѓач кој денеска уби четворица луѓе во банка во градот Луивил, во државата Кентаки, според „Си-ен-ен“, бил поранешен вработен во банката, кој по една година бил отпуштен. Полицијата откри дека Конор Старџен го пренесувал крвавиот напад во живо преку Инстаграм.
Вкупно 13 луѓе биле мета на нападот, а деветмина – двајца полицајци и седуммина цивили, се ранети и пренесени во болница. Тројца од нив се во критична состојба, а меѓу нив е и полицаец на кој Старџен му пукал во главата.
Полицијата го застрелала и го убила напаѓачот на местото на нападот.
Гувернерот на Кентаки, Енди Бешеар, изјави дека еден од убиените во масовното пукање е негов близок пријател и нареди до петок оваа недела сите знамиња низ Кентаки да се веат на половина копје.
Сведок во зградата каде што се случи пукањето изјави за VHAS11 дека неидентификуван маж со „долга автоматска пушка“ почнал да отвора оган на првиот кат.
„Само што почна да пука“, наводно рекол сведокот. „Не му го видов лицето. Бевме во конференциската сала. Кој и да беше тој што беше до мене, беше застрелан, неговата крв е врз мене“.