Пцости и вербални напади врз новинарите на Телма

by fokus

Физички и вербални напади кон дел од новинарските екипи кои вчеравечер известуваа за синоќешниот протест на иницијативата „За заедничка Македонија“. Телма информира дека и нивната екипа се соочила со навреди и пцости додека анкетирала учесници на протестот.

Покрај тоа, новинарот на ТВ24, Христијан Баневски вчеравечер беше нападнат и удрен со јарбол од знаме од подржувач на иницијативата.

Претходно, најлошо поминаа новинарите на А1он, кои по физичките напади од демонстрантите завршија на Ургентен центар.

Остри осуди за нападите пристигнаа од новинарските здруженија, светски организации како „Репортери без граници”, дипломати и политички партии.

 

Поврзани новости