ПЦЕР: Пензиите не се покачуваат, туку тоа е законско усогласување

by fokus

Пензиите не се зголемени како што кажува Диме Спасов зашто тоа зголемување се пари на пензионерите, кои им следуваат по закон, реагираат денеска од ПЦЕР.

-Според законот два пати во годината министерството за труд и социјала е должно да направи усогласување на пензиите,и тоа во јануари и во јуни.Тоа значи дека во текот на изминатите 10 години пензиите се усоласувале 20 пати. Спасов направил 3 до 4 пати усогласување, а парите од останатите усогласувања се прикажуваат како зголемувања дадени од власта. Кој кого лаже? Сега е укинато усогласувањето,а со пари предвидени за усогласување се зголемуваат пензиите од ноември. Тоа е лага на која треба да реагираат пензионерите,по 11 декември по победата ќе докажеме дека сите зголемувања на пензиите се чиста манипулација, се вели во соопштението на ПЦЕР.

Лидерот на ПЦЕР, Самка Ибраимовски го повика Диме Спасов на тв дуел за да видат јавноста и пензионерите кој е во право.

 

Поврзани новости