Амбасадорот на ЕУ, Аиво Орав изрази голема загриженост за состојбата во земјата, дотолку повеќе што и тој е на листата на прислушувани, истакна Самка Ибраимовски, лидер на ПЦЕР по вчерашната средба со евроамбасадорот.
– Сметам дека единствен излез од ваквата состојба е признавање на катастрофалните потези на властите во Македонија правени изминатиот период, нивна оставка и одговорност, а паралелно на тоа формирање на експертска Влада, како единствен услов на излез од политичката криза – се наведува во партиското соопштение.
Лидерот на ПЦЕР му нагласил на европскиот диполомат дека поради дискриминаторскиот однос на актуелната власт кон припадниците на ромската заедница во Македонија, како и поради тешката материјална состојба на граѓаните воопшто, луѓето се поинтензивно се одлучуваат да ја побараат својата иднина надвор од границите на матичната земја.
– Оваа состојба е крајно загрижувачка. Владата на Македонија и понатаму се однесува игнорантски по ова прашање – нагласил Ибраимоски.