ПЦЕР: Каде завршија парите од европските фондови наменети за Ромите?

by Фокус 09:12
09:12

Партијата за целосна еманципација на Ромите ПЦЕР бара европските донатори и фондови да кажат колку пари се потрошени за подобрување на статусот на Ромите во Македонија и  да кажат кое ефекти се постигнале од таквите проекти.

ПЦЕР смета дека редно е да излезат европските донатори и фондови и да кажат колку средства се прелеани во невладиниот сектор, во државните институции и во други проекти и колку ромски НВО добиле такви средства.

- Advertisements -

-Сметаме дека има злоупотреба и поединци имале ќар од тие проекти и станале газди, без трошка труд, а ромскиот народ останува посиромашен. Затоа  бараме и потекло на имот на сите учесници во овие валкани проекти., велат од ПЦЕР.

Поврзани новости