Од Партијата за целосна еманципација на Ромите предупредуваат дека ако наскоро не се постигне договор за излез од кризата ќе следат нови санкции за Македонија.
-Дали знаете дека ваквата голема офазива што ја прават ЕУ и САД е последна опомена и доколку останете и понатаму индолитентни, ќе не нема како држава. Ние како партија сме загрижени за државата. Наши партиски извори дознаваат дека ако не се случи договор државата ќе ја изгуби визната либерализација. И порачуваме на власта сериозно да ги сфати нашите предупредувања“, велат од ПЦЕР.
Од партијата го осудија и игнорантското однесување на лидерот на владејачката партија, Никола Груевски, за кој велат дека иако знаел оти треба да се сретне со германскиот пратеник Јоханес Хајндл, сепак заминал на приватно патување.