375
Речиси два месеци по заминувањето од Милан, легендарниот Паоло Малдини би можел да најде нова работа.
Италијански „Скај“ пишува дека Малдини има две понуди – од Пари Сен Жермен и од Фудбалскиот сојуз на Италија.
Францускиот шампион неодамна го назначи Луис Енрике за тренер, а на Малдини му е понудена функцијата спортски директор, каде би го наследил Луис Кампос.
Од друга страна, „Скај“ пишува дека во моментов не се знае која позиција би ја покривал Малдини во италијанската федерација, доколку реши да ја прифати оваа покана.
Малдини е на одмор и допрва треба да донесе одлука за својата иднина.
Славниот италијански дефанзивец го напушти Милан на крајот на сезоната, по расправија со претседателот на клубот – Гери Кардинале.